Општина Охрид објави јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за лица згрижени во згрижувачки семејства на територијата на општината. Согласно Програмата за социјална и здравствена заштита за 2026 година, за секое згрижено дете е предвидена поддршка во износ од 10.000 денари.
Право на поддршката имаат лица кои се згрижени во згрижувачки семејства на територијата на Општина Охрид. Кон пријавата потребно е да се достават копија од лична карта на носителот на згрижувачкото семејство, трансакциска сметка и решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежниот Центар за социјална работа.
Пријавите може да се достават по пошта или лично во архивата на Општина Охрид, а рокот за поднесување е 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Нецелосните и ненавремено доставени пријави нема да бидат разгледувани.
