Денеска општина Вевчани започна со акција за хуман третман со заловување на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња кои се на јавни површини. Воедно апелираме до сопствениците на миленици дека согласно законските одредби, своите кучиња треба да ги чуваат во сопствените дворни места, апелираат од општина Вевчани.

