Општината потпиша Меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет

Градоначалникот на општина Охрид,  д-р Јован  Стојаноски денес оствари работна средба со  Деканот  и Продеканот на архитектонскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”,  проф. д-р  Огнен Марина и  доц. д-р  Јован Иваноски.

 

На средата  првенствено се разговараше за  интегрираната стратегија за развој на општина Охрид, а беа разгледани и различните форми  на генерирање соработка преку јавни дебати во кои граѓаните ќе земат  активно учество во донесувањето  конкретни решенија, работилници , летни и зимски школи , студентски конкурси.

Работниот состанок беше заокружен со потпишување  на меморандум за соработка меѓу двете институции  што ќе биде основа  за подготовка  на Програма во која ќе бидат изнесени идејните решенија за урбанистички  развој на општина Охрид.

Двете страни изразија надеж дека воспоставената успешна соработка ќе иницира нов подобар пристап   во функционирањето на општината . 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани