Отворена 57. Летна школа за македонски јазик, литература и култура

Македонскиот збор се слуша на сите континенти,  македонскиот јазик се изучува и зборува  на сите меридијани. Ова е пораката на македонистите на отворањето на 57 Летна школа за македонски јазик, култура и литература при УКИМ.

Во моментов низ светот има само  11 лекторари, власта најавува силна промоција на македонскиот јазик и отворање на нови лекторати низ светските универзитети.

-„Поразувачки е реалноста дека лекторати по македонски јазик во странство сега има помалку отколку во времето на СФРЈ затоа во програмата на оваа влада како приоритет е зацртано одржување на постојаните и отворање на нови лекторати и курсеви по амкеоднски јазик на универзитетите во странство“, изјави Весна Јанева министер за образование.

-„Овие дејци имале јасна визија и биле верни чувари на јазикот како врвно национално богатство и суштина на нашиот идентитет и култура, затоа чесвувањето на овие јубилеи нека претставува поттик за доследно исполнување на светиот завет пред основоположниците на нашата национална култура, јазик и псиемност“,  рече Зоран Љутков минситер за култура и туризам.

Нема ништо посвето од мајчиниот јазик, тој е најголемиот штит на еден народ, истакна директорката на меѓународната летна школа.

-„Милоста кон јазикот е света работа како што ќе каже Крсте Мисирков, јазикот на еден анрод е негово духовно наследство и богатство“, истакна Кристина Николовска директор на Меѓународниот семинар.

Македонисти од странство велат македонскиот јазик е единствен и различен од другите јазици. Преведуваат лекторираат и предаваат.

„Во 2010 во Москва формирав македонски културен центар тоа е невладина организација ние многу успешно работиме овие години. И се разбира бидејки сум филолог да кажам дека Коневски ми беше научен раководител и дипломската теза ја подготвив под негово менторство. Ја промовирам амкедонската литература имам преведено околу 300 македонски писатели, изјави Олга Панкина македонист од Русија.

-„Многу ја сакам македонската литература јазик и преведувам макеоднски втори. Имам неколку објавени книги на македонска литература“, вели Наталија Неделкова преведувач на македоснки јазик од Бугарија.

Во следните две седмици во Охрид 65 македонисти од 17 земји ќе го  изучуваат  македонскиот јазик а во изминативе 57 години учествувале  над 4000 учесници.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани