Oтворено 37. издание „Поетска ноќ во Велестово“

Oтворено 37. издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“
Синоќа, во импресивниот амбиент кај селскиот кладенец и под звезденото небо на питоресткното, надезерско, село Велестово, свечено, по 37. Пат, беше отворена Интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово”,
Во име на локалната самоуправа на Охрид, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
‎-Во денешниот свет на брзи зборови и мисли во кој доминираат технологијата, виртуелната реалност и вештачката интелигенција, поезијата е една мала искра која блеска силно во тишината на нашите емоции. Нејзината светлина е кратка, но има моќ да ги разбуди љубовта и надежта во нашите срца. Таа е повик да го почувствуваме сето она што сме заборавиле да го чувствувам‎ ‎Поетската ноќ во Велестово не е само културен настан, таа е е светилник на македонската поезија, но и на културниот живот на Охридскиот регион и пошироко. Нашата локална самоуправа, ќе продолжи да дава поддршка за овој поетски настан и ве уверувам дека и понатаму ќе стоиме зад ваквите убави проекти кои ја чуваат културната традиција на Охрид, истакна Пецакков.
Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово беше отворена и изложбата „Непредвидливи соочувања“ на академскиот сликар Стефан Младеновски,
На манифестациите од годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“, ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави: Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани