Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед

Лажниот фалсификуван мед,  ги преплави пазарите во  Охрид и Струга.  Поголемиот дел   е неприроден, најчесто гликозен сируп, со сомнителен состав, кој е тешко да се препознае со голо око.

Цената на природниот  мед е најмалку 700 денари за кг.  и тој треба да се купува само од декларирани производители кои исполнуваат соодветни услови.

– На секој ќош  се продаваат фалсификати.  Едно време кажаа дека   90% по пазарите е фалсификат.  На  жалост, бројка тој процент е уште поголен. Уште поголен,  пазарите во Охрид и Струга се преплавени во фалсификати. Преплавени се во фалсификати, а  инспекторите не мрдаат, вели Тони Јосифоски пчелар.

Во трката за брз пофит и намалените пчелни приноси, се почесто на понуда е неприроден мед. Потребни се засилени контроли и казни за оние,.кои манипулираат со купувачите.

– Ние како Пчеларско изоружение се бориме со таквите препродавачи, со таквите трговци, кои што на место мед продаваат всушност скап шекер. Соработка имаме со институциите, не можеме да се пожалиме во тој домен, инспекциите излегуваат на терен, меѓутоа се потребни многу, многу почести контроли и она му каде што има повторување на таквите дејствија да има ригорозни казни бараме, вели Наум Трпчески претседател на Здружението на пчелари во Охрид.

И интернет просторот е преплавен со продажба на лажен  мед, кој се претставува како природен. Штетите не се само врз пчеларите, туку и врз купувачите, тие  наместо мед конзумираат шеќер.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани