Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, остварил средба со претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, за време на посетата на овој збратимен град.
Средбата се одржала во рамки на посетата поврзана со ракометниот натпревар меѓу РК Будванска ривијера и ГРК Охрид.
Пецаков оцени дека спортот повторно се покажал како еден од најсилните мостови за поврзување, при што ривалството останува на теренот, додека надвор од него продолжуваат да се градат пријателството, меѓусебната почит и врските меѓу Охрид и Будва.
Охрид и Будва се збратимени градови, а соработката меѓу двете општини се одвива и преку различни културни, спортски и други активности.



