Почина два месечно бебе од струшко Велешта . Вчера претпладне во 10ч бебето без знаци на живот било однесено во струшката болница. Не се познати причините, ниту под кои околности настапила смртта. Педијатрите по направени обиди за реанимација, констатирале смрт и случајот го пријавиле во полиција. Увид на лице место извршиле екипи на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител ке се врши обдукција.
