Од денес игротеката Радост прерасна во Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа. Има цел тим вработени дефектолог, логопед негователи и педагог.
Финансиите се еден од клучните предизвици со кои се соочуваат семејствата со деца со попреченост. Најчесто еден од родителите нема можност да работи, бидеки е принуден да се грижи за детето. Многу е мала финансиската поддршка од државата за посебниот додаток и туѓа нега. Голем предизвик е и набавката на ортопедски помагала и лекарства.

-Туѓата нега е отрпилика околу 5000 денари, а посебниот околу 700 денари што не е доволно да се мине месецот. Тоа е еден од проблемите, другите се набавка на ортопедски помагала, кај нас се многу оскудни. Инвалидските колички се еднонаменски, каишите, ортопедски помагала за капење, седишта за во кола. Или се недостапни ли се набавуваат во странство, вели Билјана Костоска од Здружението ВОПС.
Од денес игротеката Радост прерасна во Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа. Има цел тим вработени дефектолог, логопед негователи и педагог.
-Од денеска официјално почнува со работа дневниот центар а во его ке има вработен тим психолог, дефектолог и логопед кои ќе работат индивидуални третмани. Исто така имаме негователи во дневниот центар, а и енгователи за помош во домот. Децата ќе бидат таму згрижени и ќе работат со тимот, вели Костоска.
Од здружението ВОПС велат потребна е поголема поддршка од институциите, државната и локалната власт.
-Потребна е поддршка во поглед на навака на инвалидските помагал, во поглед на покачување на додатокот. Доколку едно нирмачно семејство може да купи возило од 50 евра нашето возило со рампа чини околу 20 000 евра што е невозможно да го набавиме и тука е потребна помош. Потребно е да се прилагодат лифтовите во болниците , за родителите да не ги носат децата во раце. Рампите да не се стрмни да нсе прилагодени. Има многу работи кои може да ни помогнат, вели Костоска.
Потребно е да расте и свеста кај граѓаните. Да не паркираат на паркинзите специјализирани за инвалидизираните лица, и да не паркираат на тротоарите и пристапните патеки и рампите.
Новинар Соња Рилковска
