Полицијата и УЈП со засилени контроли

УЈП и полицијата со засилени инспекциски конторли за празниците. 

 

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со инспектори од УЈП извршија зајакнати контроли по угостителските објекти во Охрид. Притоа, во еден објект лоциран на булеварот „Јане Сандански“, во кој имало 450 гости, било констатирано дека одговорното лице кое го изнајмило објектот, не ангажирало агенција за обезбедување и не поседувало соодветна документација и одобрение за вршење на дејноста. Од страна на овластените службени лица била изречена соодветна глоба, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани