Есма Ќазим – млада, талентирана модна креаторка од Охрид. Креативена, вешта уметничка, која со своите вредни раце создава облека по линија, сразмерност, боја, текстура….
„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..
Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.
27 годишната Есма Ќазим, шест години во нејзиното модно ателје во Охрид дизајнира креации кои воодушевуваат. Богат асортиман на бои, материјали, модели, модни додатоци, врвна естетика од секојдневни „кежуал“ комбинации до невестински, специјални, уникатни фустани. Рачно декорирани за да ги задоволат желбите и на најпрефинетите и најпребирливите……Нејзините креации може да се мерат со оние на модните писти во светските модни центри…..Модната колекција на Ќазим полека, но сигурно станува реномиран моден македонски – охридски бренд…….
ОхридНет: Есма од кога постои твоето модно студио во Охрид и што се им нудите на љубителите на модата?
Есма Ќ: Моето студио/ателје постои веќе 6 години, со седиште во Охрид. Најпрво убав избор на дизајнирани парчиња облека и квалитет, потоа пријатен амбиент и чувство на убавина.
ОхридНет: Нудите и готови парчиња, но и дизајнирате по желба за секакви пригоди. Невестински, свечени фустани но и кежуал комбинации?
Есма Ќ: Да, во ателјето имаме готови свечени фустани, венчаници и секојдневни парчиња облека наменети за сите возрасти и величини. Секако посебно ме исполнува кога дизајнираме по нарачка, однсно кога ја исполнуваме желбата на нашите клиенти. Родена сум во занаетчиска фамилија која се занимава со дизајн на накит и изработка на филигран, па така мојот интерес за модерното и убавото постои уште од самото мое раѓање.
ОхридНет: Каде вие го стекнавте Вашето знаење, што студиравте каде го „калевте“ занаетот?
Есма Ќ: Дипломата за дизајнер ја стекнав на Европски универзитет на факултетот за Дизајн. Оттогаш до денес активно работам веќе 6 години во своето ателје во Охрид.
ОхридНет: Во Вашиот дуќан има уникатни парчиња кои пленат со убавина и потсетуваат на модните писти во Милано и Париз…… Како и колку долго ги изработувате моделите?
Есма Ќ: Посветуваме максимално внимание на концепирањето и изработката на секое парче облека, независно дали станува збор за висока мода или ready to wear. Но, секако високата мода во која се вборјуваат венчалните фустани бараат повеќе време бидејќи се изработуваат од деликатни материјали и многу рачна доработка.
ОхридНет: Колку охриѓанки го посетуваат вашиот моден салон и дали ви доаѓаат и од други градови?
Есма Ќ: Бидејќи ателјето постои веќе 6 години, охриѓани доаѓаат, меѓутоа има посететеност на клиенти и од другите градови, како Струга, Тетово, Скопје и т.н. Но тука се и туристите.
ОхридНет: Од каде ја црпиш твојата инспирација? Кој креатор најмногу ти се допаѓа?
Есма Ќ: Во денешно време има навистина многу дизајнери, уметници, професионалци кои заслужуваат восхит. Еден од нив би го посочила – Озгур Махсур, тој е турски дизајнер кој заслужува светско внимание.
ОхридНет: Есма Вие потекнувата од познато охридско семејство уметници , изработувачи на филигран. Има ли поврзаност помеѓу овие две уметности?
Есма Ќ: Се разбира, кога се работи за уметност и креирање таа има поврзаност насекаде. Филигранството кое е наше долгогодишна семејна традиција многупати наоѓам начин да ги претопам во една целина со облеката. Тоа може да се забележи на многу мои дела.
ОхридНет: Може ли еден бесплатен моден совет за нашите читателки?
Есма Ќ: Мојот моден совет до сите љубители на модата, па и оние помалку. Да додадат насмевка, тоа е најубавиот безвременски моден додаток.
ОхридНет: Каде се гледаш себе си во иднина?
Есма Ќ: Се’ уште не сум сигурна каде ќе ме однесе иднината. Но, едно со сигурност знам, дека ќе го работам она што ме исполнува и ме чини среќна.
Љубителите на убавото задолжително треба да го посетат модното ателје на Ќазим во охридската чаршија.