Повлечена точката за нови цени на урбаната опрема

На шестата седница на Советот на општина Охрид. градоначалникот Јован Стојаноски ја повлече од дневен ред точката за нови цени на надоместокот за урбана опрема. 

 

Тој рече легитимно право е на градоначалникот после реакциите во јавноста  да се повлече одредена точка од дневен ред. Најави дека пред повторно да биде вратена пред советниците градоначалникот и стручните служби на општината ќе остварат средби со угостителите на кои ќе се разгедаат сите аргументи. 

Угостителите од друга страна задоволни до повлекување на точката од дневен ред, но лути на најавата за поскапување на закупнината на јавна површина. велат плаќаат најскапи давачки и закупнина и комунална такса а дополнителното зголемување на цените само ќе ја влоши ионака тешката состојба на угостителите во текот на зимскиот период. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани