Ноќва во 2 26 минути во охридско регистриран е земјотрес со јачина од 2,1 степен.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1 и е почуствуван во 02:26 часот. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.
Втор земјотрес е регистриран во Скопје во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,4 и е почувствуван од населението во Скопје и околина.
