Куќата која синоќа целосно изгоре во селото Песочан и каде е пронајдено јагленисано тело била сопственост на Љ.Т.од истото село.
Полицијата денеска ќе прави увид и се очекува потврда дали сопственикот е жртвата на пламените јазици.СВР Охрид денеска информираше дека на 18.02.2018 година околу 18.00 часот во село, Песочан-Општина Дебарца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т. При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.