Пратеничката Јована Мојсоска ќе се кандидира за градоначалник на Струга. Јована е стружанка, пратеник од редовите на Левица.
-Почувствував дека сега е моментот да го прифатам овој предизвик, зато што Стружани се уморни иднината на градот да се креират надвор од Струга и нашиот град секогаш да е паричка за поткусурување на “големите играчи”. Почувствував дека сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека ,,Македонија е подалеку од Групчин” и дека борбата не смее да е предадена однапред.
За жал, Струга е заборавена и целосно игнорирана од секоја власт, полека изумира нејзиниот лик и сјај пред налетот на корумпирани шерифи – додека градот служи само за да се поделат изборните “победи” од владејачкиот колач. Градот на Охридското езеро, кој држи реноме во светската поезија, кој создал бројни историски херои, писатели, уметници – сега е претпознатлив по пеплосаното крајбрежје, дивите депонии и хаосот од дивоградби кои демнат на секој чекор. На овие избори немат да ветувам “брда и долини”, но можам да го ветам она што претходно Левица го покажа – а то е бескомпромисна БОРБА, борба водена врз принципи и идеи, а не борба водена за тендери и привилегии. Сигурно ние не сме најдобрите, но покажавме дека имаме волја и имаме срце да се бориме за она во кое веруваме дека е од најдобар интерес на мнозинството – а не од интерес на локалните шерифи.Верувам и знам дека Струга може повеќе, Струга умее повеќе, Струга заслужува повеќе, напиша на својот фејсбук профил Мојсоска.
