Претседателката на Индија се воодушеви од Охрид

Историјата, културното наследство и луѓето се најсилниот мост што ги поврзува Македонија и Индија. Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека првата официјална посета на индиски претседател на земјава претставува почеток на ново поглавје во односите меѓу двете држави.

Давкова  истакна дека претседателката  на Индија,  особено се воодушеевила од убавините на Охрид, но уште повеќе од гостопримството на луѓето, нагласувајќи дека денес географската оддалеченост повеќе не е пречка за продлабочување на соработката во економијата, науката, образованието, културата и заштитата на животната средина


-Индијците, вклучувајќи ја и претседателката, со право веруваат дека ништо не се случува случајно. Гледајќи ги убавините на Охрид и неговата слоевита историја, таа смета дека град кој има античко име и поминал низ сите историски периоди, неслучајно е толку убав. Со Божја волја, тоа што денес го гледаме во Перивлепта или во Свети Наум, некогаш било само слика од некое далечно време.

Претходно во Скопје, претседателката Мурму присуствуваше на откривањето на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје – подарок од пријателска Индија. Двете претседателки ја посетија и Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Посетата на индиската претседателкасе оценува како значаен чекор кон продлабочување на меѓусебната  соработка. Беа  испратени јасни пораки за пријателство, меѓусебна доверба и подготвеност за заеднички проекти во повеќе области.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани