Уште една програмска содржина за најмладите во рамките на Вевчанско лето 2025!
Претставата ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ е мјузикл за најмалата публика, која е работена по мотиви од басната „ Штурецот и Мравката“.
Оваа претстава со едукативно сиже, ги учи најмалите на одговорност и навремено завршување на обврските, помагање на своите родители, но не изоставувајќи го и моментот на игра и забава во слободното време. Со претставата децата ги подучуваме дека во животот има време за сè, само треба добро да се организираме.
Режија: Роберт Ристов
Играат:
Мирјана Поповска Ристов / мравката Ленче и мравката Менче
Радо Алексовски/ помладиот штурец
и Роберт Ристов/ постариот штурец
ПРОДУКЦИЈА: ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА
Повелете!
