Полициски службеници од граничната полиција во Лабуништа пронашле човечки череп и други предмети во атарот на селото, кај Подгоречкото Езеро, во близина на македонско-албанската граница. За случајот, во соработка со надлежните институции, се преземаат мерки за утврдување на сите околности.
