Во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ новиот градначалник на Охрид, Кирил Пецаков зборуваше за новите проекти на локалната самоуправа.
На прашањето кој ќе биде првиот мини зафат, Пецаков одговори:
-Мини зафататот ќе биде почнување на вистинско функционирање на Општината, односно отворен принцип на работа на Општината, каде што граѓаните мора да бидат составен дел од решавањето на нивните проблеми, а не да имаат проблем со комуникацијата со луѓето кои работат во Општината. Има да воведеме еден сосема нов систем каде што ќе има буквално следење на предмети од самиот влез во архива, па сѐ до издавањето на решенија, рече Пецаков.
Како еден од најбитните мега проекти, Пецаков рече дека ќе биде решавање со паркинг проблемот, а тоа е изградбата на катна гаража. Реконструкција на плоштади, нови улици, велосипедски патеки и најбитно почитување на препораките на УНЕСКО, рече новоизбраниот градоначалник Кирил Пецаков.
