Измами со брзи кредити, при плаќање со платежните картички на интернет, измами при осигурување, лажни наградни игри, пирамидални интернет шеми. Ова се најчестите поплаки за финансиски i измами кои стигнуваат до Организацијата на потрошувачи на Макдонија.
Ризик има при секое купување онлајн. Трговијата на социјалните мрежи е нелегална, нема данок, нема фискална и од ОПМ ги повикуваат граѓаноте да купуваат само од регистрирани онлајн продавници. Потребно е повеќе едукација, токму затоа денес на ФТУ Охрид под водство на ОПМ и професорот Ристо Речкоски се одржа едукативна работилница со студентите за правата на потрошувачите.
– Многу треба едукација во овој домен самите млади треба да знаат како да ги користат картичките како да ги сочуваат да можат при плаќање да може да плата. Опасно е и она плаќање со допирање на картичката во случај на кражба некој може во континуите да пазарува. Стално да го имаат бројот да знаат каде да пријават, вели Маријана Лончар претседаел на ОПМ.
ОПМ изработи нова платформа на која граѓаните лесно ќе може да ги пријават измамите од финансиската сфера.
-Изработи дигитална алатка односно патформа од која се пристапува преку веб страната на ОПМ каде секој кој има проблем во делот на финансиските услуги без разлика дали е за осигурување, банкарство, кредити, финансиски друштва лизинг, вели Татјана Тасевска правен советник во ОПМ.
Во дигиталната ера растат измамите во онлајн продажбите но во пораст се и финансиските измами. Само во изминатата година до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 1.200 претставки за измами при купување преку интернет. Дневно во ОПМ стигнуваат по дсеттина пријави за купување на интернет.
Новинар Соња Рилковска