Успешно заврши вториот Хуманитеарен Турнир Futsal Ohrid Freed кој се играше во Спортската сала Билјанини Извори во чест на ослободувањето на Охрид од Фашизмот.
Први играа екипите на Гостилница кај Мече и Провелд Волино за трето место со резултат од 2:0
Финалниот натпревар во 21:00 часот го играа екипите на Инекс Олгица Хотел СПА и АСП ПАК со резултат во регуларно време од 2:2, во проделженија 2×5 минути исто со изедначен резултат од 2:2 на што следуваа по 5 пенали од двете екипи на кој екипата на Инекс Олгица Хотел и СПА издојуваше победа над екипата на минатогодишниот победник на Futsal Ohrid Freed од 4:2 во пенали.
Со тоа ги имаме првите три места на овогодишниот хуманитерен Турнир Futsal Ohrid Freed:
•1 Место Инекс Олгица Хотел и СПА
•2 Место АСП ПАК
•3 Место Гостилница кај Мече
Турнирот Futsal Ohrid Freed во организавија ЈП Билјанини Извори и Општина Охрид му заблогодарува на сите 16 Екипи кое зедоја учество на овогодишниот химанитерен Тирнир Futsal Ohrid Freed а тоа се екипите на: Кафе бар 9 Струга, Провелд Волино, Рек Битола, Гостилница кај Мече, АСП ПАК, Костал Македонија, Магна, Инекс Олгица Хотел и СПА, ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Охридски Комуналец, Општина Охрид, Бел Мерцедес, ЈП Колекторски Систем, ОДВ Електрик и ЛТХ Леарница.
Исто благодарност до Лабино Саунд и Мики Пирузе, Охрид Њуз и Горан Момироски, ДЏ Данко и ДЏ Реџи Рулс.
Собраните средства организаторите ги донираа: 84000.- денари на Бојана Бонеска, 30000.- денари на Здружение на лица со дијабет тип 1 Охрид и 30000.- денари на Здружение за ретки болести “Ретко е да си редок”
Се гледаме наредна година во исто време здрави и живи во уште поголем број со повеќе собрани и донирани средства.