Полициски службеници денеска во раните утрински часови лишиле од слобода 40-годишен жител на струшкото село Радолишта, осомничен за разбојништво во Струга.
Според информациите од полицијата, на 3 јули 2026 година во 05:40 часот, во Струга бил приведен М.М. (40), откако во станбена зграда на улицата „Партизанска“ физички нападнал 40-годишен стружанец.
При нападот, од оштетениот биле одземени пари во различни апоени и мобилен телефон.
Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
