РЕПОРТАЖА: Исцелителната моќ на Калишкиот манастир

Во чест  на празникот Рождество на Пресвета Богородица  Охриднет Ви носи една прекрасна репортажа за истоимениот  манастир во село Калишта струшко.

 Репортажа за прекрасниот манастир во Калишта

На брегот на Охридското езеро, во струшкото село Калишта се издигнува еден од најубавите манастири  во земјава, посветен на раѓањето на Мајката Божја. Сместен во живописната крајезерска природа изобилува со вонземска убавина. Калишкиот  манастирски комплекс  го сочинуваат четири  светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, и уште две цркви едната  посветена  на мајката Божја другата на светите апостоли  Петар и Павле.

За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава,  единствена на Балканот  Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и  ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет  години живее во манастирот. 

– Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица  стануваат мајки а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, Наце Парталов домаќин на манастирот. 

Чудата на иконата се запишани и во манастирските книги. Едно од нив е дека  во втората светска војна фашистите повеќе пати се обидувале да ја потопат иконата, но таа секогаш се ослободува од челичните синџири и се враќала повторно пред манастирот.

Секој кој го посетил Калишиот манастир ја почуствувал милоста на Мајката Божја.

Во манастирот има извор со лековита вода. Од под црквата посветена на  Светите апостоли Петар и Павле извира света  вода  која  со молитва лекува главоболка и болести на очи. Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси,  а  култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.

– Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на  хигиена, вели еден стружанец. 

Во манастирскиот двор се наоѓа  Чинарот од времето на Цар Самоил,  стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста  и благословот на Мајката Божја  е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.

-Овде многу често имаме венчавања и крштевки тоа може да се забележи  и од свештеничката книга во црквата во Струга каде што закажуваат најчесто да има венчавка во Калишта. Се во славата на Мајката Божја. Овој манастир самата историја, убавината на манастирот, самата благодат  , вели  Перо Гогоски црковно лице. 

Верници од Австралија најавија  реновирање на четвртата црква.  Свети Атанасија, која е надвор од манастирот високо во карпите. 

Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица  е спој на духовност и мир, ги плени верниците од сите страни на светот. Ги лекува болните, ги исцелува несреќните. Денес, ова светилиште  е летна резиденција на архиепископот македонски гдин г дин Стефан. Машки манастир во кој  живее монахот Наум. 

 новинар Соња Рилковска 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани