По традиција охридскте хотели и годинава нудат екстра попусти за празникот Богојавление во Охрид.
Хотелиерите годинава нудат од 30 % до 50 % попуст за ноќевање со појадок.
-„Како и секоја година по традиција имаме екстра ниски цени, односно големи попусти за празникот Водици.“, информираат хотелиерите од Охрид.
За празникот Водици се очекува кулминација на Новогодишните празнувања. Илјадници верници од земјава и странство се очекува да присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро.
Во Балканскиот Ерусалим по традиција ќе се оджи најголемата црковно народна манифестација во земјава.
