РОЈТЕРС: Научниците и рибарите во Македонија се здружија за да ја спасат ретката пастрмка

ОХРИД, Македонија (Ројтерс) – Македонските научници и рибарите се здружија за да започнат вештачко одгледување на вид пастрмка уникатна за Охридското Езеро, нејзините притоки и излез, реката Црн Дрим, пишува светската медиумска мрежа Ројтерс. 

Ловот и прекумерниот риболов  ја донесоа  охридската  пастрмка на работ на истребување, и покрај напорите за зачувување, вклучувајќи и 10-годишна забрана за риболов што ја наметна македонската влада која траеше до 2014 година.

Според новата програма за конзервација, рибарите од Охридското Езеро ги уловуваат пастрмките и внимателно  ги ставаат во контејнери.

Научниците од Хидробиолошкиот институт во Охрид потоа ја мрестат рибата за да го порибуваат езерото. 

Веста на  Ројстерс на овој линк 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани