Саем на мед во Охрид – „Запознај го локалниот пчелар“

Охрид повторно ќе мириса на мед. Од 14 до 16 август, на плоштадот „Крушевска Република“, ќе се одржи традиционалната саемска манифестација „Запознај го локалниот пчелар“, посветена на охридските пчелари, пчелните производи и традицијата на пчеларството.

Осум локални изложувачи ќе ги претстават своите производи – мед, прополис, матичен млеч, восок и други природни производи од пчеларството.

Но, манифестацијата не е само саем. Посетителите ќе имаат можност директно да го запознаат пчеларот кој стои зад медот што го купуваат, да дегустираат домашни пчелни производи, но и да дознаат повеќе за животот на пчелите и значењето на пчеларството за природата и заедницата.

Манифестацијата традиционално ги поврзува локалните пчелари и граѓаните, со посебен акцент на промоцијата на домашниот производ и зачувувањето на пчеларската традиција.

За состојбите во пчеларството и предизвиците со кои се соочуваат пчеларите ќе говори и претседателот на Пчеларското здружение „ОХРИД“.

Организатор е Пчеларското здружение „ОХРИД“, со поддршка на Општина Охрид.

Саемот започнува во 18 часот.

Дојдете да го запознаете човекот зад теглата мед. „Запознај го локалниот пчелар – запознај го вистинскиот мед!“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани