Самоилови и Канео во мрак за „Часот на планетата Земја“

Општина Охрид ке се вклучи во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ заедно со волонтерите од општинската организација на Црвениот крст.

Вчерва  во мрак ќе потонат неколку важни културно историски знаменитости во градот. 

Ќе се исклучи светлото на следните локации: 

1.Црква Св Јован Канео
2.Самоилови тврдини
3. Плоштад Мини маркет

Волонтерите ќе состават 100 свеќи со знакот 60+ кај Самоилова тврдина и Св Јован Канео.
Ќе биде и направен видео спот, информираат од локалната самоуправа. 

По повод најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“  во Макеоднија  80 локации  оваа година ќе потонат во мрак и ќе ги исклучат светилките во период од еден час.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани