Се одржа 20 -то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“

Синоќа и денес сите патишта водат кон Велгошти. Во очи на празникот Света преподобна Параскева – Св. Петка кој што се одбележива во Велгошти се одржа 20 тото издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“.

-Прекрасната организација и прекрасната атмосфера го надополнаа и онака позитивното чувтство кое владее во Велгошти за овој ден. Сакам да упатам благодарност до учесниците на турнирот кои со нивната игра придонесоа за воздишки на трибините, а на победниците им честитам за нивната успешна игра. Исто така сакам да упатам и честитки до организаторите за прекрасната организација на турнирот кој како традиција од година во година расте и се подобрува. Нека ни биде за многу години Св. Петка, нашпиша градоначалникот Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани