Седум години од возобновувањето на Охридскиот театар

 

Седум години од возобновувањето на Охридкиот народен театр. После  пет дециниска пауза точно пред седум години Владата донесе таква одлука. 

На одлуката на тогашната власт влијаеја бројните медиумски текстови за сонот и желбата на охриѓани да го возобноват театрскиот живот во Охрид. 

-„На денешен ден, пред 7 години, со одлука на владата на Р.М. беше “воскреснат” театарот во Охрид после 50тина години пауза. На овој наш значаен ден би сакале да изразиме огромна благодарност до сите инволвирани, до сите лобисти, до цела наша публика, пријатели и колеги кои што помогнаа да се оствари сонот на една мала, но многу силна и значајна група на уметници во нашиот град, која што сѐ уште неуморно, макотрпно и со голем ентузијазам работи за да го воздигне театарот до ниво кое што заслужува еден град како Охрид. Да ни е здрав, жив и долговечен Народниот театар Охрид и да се надеваме и бориме 10тиот јубилеј да го прославиме во новата театарска зграда!“, напишаа на официјалната фејсбук страна Народен театар Охрид. 

Останаа желбите за подобри услови за работа, нова опрема и нова тетарска зграда. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани