Семејството Гигер, Иванка и Бруно од населбата Црногорци Охрид, кои ја имаат една од најубаво декорираните новогодишни куќи, со остра реакција за изборот на најубав Новогодишен двор.
-„Ние и оваа година аплициравме на конкурсот на најубав украсен двор. Како прво комисијата не ми се јави кога дошле кај нас. На телефон ми се јавија да ме праааат дали сакаме да бидам нивни идол, а да не добиеме награда,односно ниту прво ниту второ ниту пак трето место. Само да не истакнат како идол бидејќи луѓето сме ги потикнале да ги китат своите куќи и балкони. На тоа ние со сопругот се одлучивме дека не се согласуваме затоа што нашата куќа е најубаво накитена и сакаме се коректно да оди. Наш предлог беше да ги дадат наградите на избраните , но и нас да не наградат како идоли, како што нагласи господинот Томе.
Како второ господинот Томе ( од општинската комисија) ми рече дека ќе ми се јави да ме извести дали другите членови на комисијата се сложуваат со нашиот предлог, но не ни се јавија воопшто. Кога јас им се јавив револтирана, ни рекоја дека не барале неколку пати, но ние немавме пропуштени повиции тоа е се лага! Сопругот Бруно беше многу револтиран затоа што тука се работи само за врски преку познаство и пријатели (ако е татко ми претседател јас ќе бидам секретар и така натаму).
Ние парите не ги земаме за нас, туку по традиција ги донираме во хуманитарни цели“, пишува Иванка Гигер.
ФОТОГРАФИИ од куќата на Гигерови: