Семинар по едрење во Охрид

Денес во 18 часот  во Вила&Винарија Мал Свети Климент , а во организација на Здрузението  за спортско едрење „Aquatica Yachting“ и претставникот на „Sails“,  Хуго Скаф , ќе се одрзж семинар по едрење.

 

Целта на овој семинар е запознавање на присутните со типовите на едра, нивна изработка, начинот на штелување(триманје) на едрата и слично, информираат од „Акватика Јахтинг“. 

Вториот дел од семинарот е посветен на регатните правила во едрењето 2017-2020 година, и нивна примена.

Свое учество на Семинарот потврдија претставници од Капетанија на пристаништата Охрид, членови на едриличарските клубови, Снегар и Сирма од Струга, Нов Ветар од Скопје, Пират и Акватика Јахтинг  од Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија, сопственици на приватни едрилици од Охрид, Струга и Скопје и заинтересирани грагани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани