Млади момчиња од Скопје, се обиделе физички да се пресметаат со собраќаец во Струга.
Н.И.(23) и В.Ј.(24), двајцата од Скопје, вчера во Струга, физички нападнале сообраќаец револтирани што тој констатирал прекршок и сакал да им напише мандатен налог. Вчераутро во 03,40 часот во Струга на ул.„Пролетерски Бригади“ при вршење на службени дејствија од страна на двајца полициски службеници од Полициската станица Струга било сопрено патничко моторно возило со скопски регистерски таблици. На лицата во возилото им биле побарани документи за идентификација.
-По утврдениот идентитет, полициските службеници констатирале сообраќаен прекршок односно Н.И. како возач почетник не смеел да го управува возило по 23,00 часот. Откако едниот полициски службеник му кажал дека ќе му биде издаден мандатен налог, Н.И. почнал вербално да го навредува со погрдни зборови, му упатувал закани по животот, а потоа и физички го нападнал, информира м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Н.И. бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Струга, додава портпаролот Димоски.