Скопјани во село  Луково фатени со марихуана

Скопјани во село  Луково фатени со марихуана.

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност,  ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје. При претреси  во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани