Доаѓањето на пролетта во Вевчани се одбележа со акции организирани од страна на Ј.П. „Еремја“, детската градинка „Планински Цвет“ Вевчани и ООУ „Страшо Пинџур Вевчани“.
-„Почнувајќи со уредување на дворот на најмалите дечиња во Јоуддг Планински Цвет Вевчани кои од најрана возраст треба да се учат да ја сакаат природата преку тоа што ќе ја почитуваат животната средина и ќе се грижат за нејзина заштита, па се до поголемите дечиња ученици во ООУ Страшо Пинџур – Вевчани кои преку собирање отпадоци од улиците низ општината даваат пример како тоа се прави на дело.
Со доаѓањето на пролетта и потоплото време во следниот период се обврзуваме дека ќе се реализираат низа активности за почиста општина Вевчани“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ КОИ ГИ НУДИ ПРИРОДАТА, НО БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ.
СО ВАС ПОКРАЈ УБАВИТЕ СПОМЕНИ ПОНЕСЕТЕ ГО И ВАШЕТО ЃУБРЕ И ФРЛЕТЕ ГО КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО, порачаа најмладите.