Со современ центар за спасување Охрид безбедна дестинација

Охрид ќе добие современ центар за спасување на планина.

Опремен со најсовремена опрема ,  специјално теренско возило, тренинг центар  и обучен кадар центарот за спасување ќе биде единствен од ваков тип во земјава,  а ќе придонесе регионот на Охридското езеро да стане безбедна дестинација за авантуристички туризам.

Со помош на Меѓународната комисија за алпско спасување ќе биде изработена мобилна апликација  за лесно повикување на помош при несреќи на планина.

– „Основен предуслов за развој на авантуристички туризам претставува безбендоста и менаџирањето со ризици а целта на нашиот проект е токму да влијаеме во овој сектор кој е еден од клучните главни недостатоци на нашиот регион, бидејќи за жал немаме специјализирани служби за спасување “, изјави Антонио Додески носител на проектот.

Со истиот проект Поградец ќе добие центар за безбедност ан вода ќе бидат опремени десет капалишта вдолж Охридкото езеро на кои ќе работат 40 спасители.

-„Ние имаме закон имаме се но инфраструктура немаме затоа што овој процес е на сам почеток. Пред една година албанската влада со нов закон инсистира да има  од лабанската страна да има една база инфраструктура за овој туризам “, вели Аријан Мероли носител на проектот од албанска страна.

За оваа намена ЕУ издвои 352 750 евра,  а општините партнери Охрид и Поградец ќе учествуваат со 62 000 евра. Проектот завршува на крајот од идната година, а  ќе придонесе за привлекување на поголем број туристи и  економски бенефит за двете дестинации.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles