Сообраќајна лекција за учениците од Пештани

Охридската полиција денеска, на најмладите ученици од Пештани им одржа сообраќаен час за безбедно движење од домот до училиштето.

На тема „Безбедноста на децата во сообраќајот“, денеска  Одделението за превенција при СВР Охрид одржа предавање во основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани. Темата беше посебно адаптирана за учениците од прво и второ одделение и се одржи низ интензивен проактивен однос со најмладите. Во рамките на денешната сообраќајна едукација, на најмладите  им беше презентиран практичниот тематски дел за безбедно движење по коловозот при нивното движење  од домот до училиштето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани