Советот на општина Струга доби нов претседател

Ресул Каба е новиот претседател на Совет на општина Струга.

На свечена седница,денес во Струга се конституира градскиот Совет а 27-те советници ги добија советничките мандатите врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија. Новиот претседател на Советот, во својата прва изјава кажа дека ќе работи и ќе придонесува за развој, посветла иднина и просперитет на општината. Каба им го честита изборот на новите советници и посебно потенцира дека ќе работи во согласност со правилата и деловникот и со целиот свој капацитет за подобар живот на граѓаните на општина Струга, без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба.Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, упати честитки до новоизбраните советници а за пртседателот Каба
рече дека избран бил вистинскиот човек за претседател на Совет. Струшките советници кажаа дека во престојниот 4 годишен период, треба да донесуваат одлуки за добросостојба и прогрес на општината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани