Нов директор во ОУ „Григор Прличев“ е Офелија Петреска, која долги години вработена како педагог во училиштето.
Петреска доаѓа на местото на претходната директорка Силвија Мојсоска, која повеќе од годинини менаџираше со централното училиште.
Во ОУ „Христо Узунов“ в.д директор, назначена е Оливија Пирузева Јанева, која доаѓа од редот на вработените. Таа во два мандати беше прв човек на училиштето. Јанева доаѓа на местото на претходниот директор Тони Симоноски.
Деновиве се очекува да бидат соопштени имињата на новите директори во средните училишта.
