Дождот го зголеми нивото на водостоитево земјава. Нивото на Дојранското Езеро е речиси три пати повисоко од просекот за ноември, додека нивоата на Преспанското и Охридското се во рамки на просекот, покажува денешното хидролошко мерење.
Денес Охридското езеро е на 693,26 м.н.в.
Според УХМР, водостоите на повеќето реки низ Македонија се зголемени по врнежите изминатите два дена.
