Министрите Димитров и Коѕијас ќе се сретнат во Охрид, пишуваат грчките медиуми.
Претстојната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе биде на 12 април во Охрид, објави грчкиот портал reader.gr. Од македонското Министерство за надворешни работи засега нема информација за средба на Димитров и Коѕијас.Претстојната средба на двајцата министри, ќе биде трета средба на двајцата министри за релативно краток период. Минатиот месец Коѕијас беше во Скопје, а потоа заедно со Димитров во Виена се сретнаа со медијаторот Метју Нимиц.