Станоиздавачите се запознаа со предлог измените во законот

На работен состанок што денес се одржа во  општинската зграда , станоиздавачите од Охрид беа информирани за предлог измените во законите за туристичка и угостителска дејност.

 

Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој ги информира присутните за донесените заклучоци од страна на  работната група при   Министерството за Економија , а кои се однесуваат на предлог измените во Законите за туристичка и угостителска дејност. На состанокот беше укажано дека наредниов период ќе се работи на можноста нивните   барања да бидат инкорпорирани  во законот.

Со најавените измени во законите за туристичка и угостителска дејност вчера беа запознати и претставниците на туристичките агенции и водичите од Охрид.

Social profiles