27 годишен стужанец бил учесник во сообраќајка кај битолско Кажани во која битолчанец се здобил со тешки повреди.
Според соопштението од МВР, сообраќајката се случила на 04.01.2018 година во 07,25 часот во Битола на патот А3, односно на исклучувањето кон с. Кажани. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(31) од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М.(27) од Струга. Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.
