Стружанец со кражба „ќарил“ телевизор

Стружанец, насилно влегол во угостителски објект и „ќарил“ еден телевизор. Затоа пак, струшката полиција го „наградила“ со кривична пријава.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (29) од Струга.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти декември минатата година во угостителскиот објект „Аква блу“ во Струга. Тој, насилно со употреба на физичка сила, го скршил прзорецот, влегол во внатрешноста на објектот и извршил пребарување, одзел еден телевизор по што избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 6.000,оо денари.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани