ТППЕ Охрид бара санкции за подметнувачите на шумските пожари

Викендов шумски пожар во Дебрца, пожарникарите бараат санкции за подметнувачите. 
ТППЕ Охрид – Пожарна , со свои екипи го гаснеше шумскиот пожар, кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца.
Пожарникарите  бараат под итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно закон да се санкционираат .
-Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги предизвикувате ги намалувате капацитетите на Тппе Охрид , со оглед на тоа што пожарникарите се активни и гаснат пожари во урбана средина и извлекуваат и ваши членови од фамилијата од опожарени живеалишта и од сообраќајни незгоди, пишуваат од ТППЕ Охрид.
 Тппе Охрид ги прашува надлежните Министерство за одбрана ,  Независен синдикат на пожарникарите на Македонија, Дирекција за заштита и спасување , до каде се долго најавуваните измени на Законот за пожарникарство ?
Зарем уште треба оваа високо ризична професија да ја работат 60 годишни пожарникари, прашуваат од ТППЕ Охрид.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани