Тројца повредени во сообраќајка кај Велешта

На 12 септември 2026 година во 07:30 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Враништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила „голф“, со струшки регистарски ознаки.

Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од селото Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од околината на Велешта.

Во незгодата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тешки телесни повреди се здобил и Е.Б. (27) од Лабуништа, сопатник во првото возило.

Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани