Синоќа во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице во бессознание.
Екипа на Итната медицинска помош веднаш се обидела да го реанимира, но набргу била констатирана смрт. Кај починатиот немало видливи повреди.
Утврдено е дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
