Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски, денеска ги прими професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ кои во рамки на програмата „Еразмус +“, од утре до 31 јануари во Шпанија ќе ги реализираат проектите „Me= doctor“ и „5 stars service“ .
Двете групи од по четворица професори и 20 ученици од ОУТУ„Ванчо Питошески“ и од медицинската паралелка при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, го информираа градоначалникот дека од утре ќе бидат вклучени во обуки соодветни на нивниот профил во познати хотелски и медицински установи во Барселона и Мадрид, Шпанија .
Градоначалникот Стојаноски на професорите и учениците им посака пријатен престој во Шпанија со желба во соодветната област успешно да го претстават своето училиште, Охрид и Македонија . Градоначалникот изрази уверување дека нивните колеги, домаќини во иднина ќе доаѓаат на работни посети во Охрид.