Управувал мопед со со 2,36 промили алкохол

Управувал мопед со со 2,36 промили алкохол.

На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани