Охрид уште еднаш ја потврди својата традиција како домаќин на една од најзначајните пливачки спортски манифестации во регионот. Во силна конкуренција, победници на маратонот се Алесио Окипинти и Мајте Ајлен Пука.
Особено успешен настап имаше и нашиот Петар Цеков, кој го освои одличното трето место и се закити со бронзениот медал.

Со завршувањето на уште едно издание, Охридскиот пливачки маратон продолжува да ја чува долгогодишната традиција и да го афирмира градот и Охридското Езеро на меѓународната пливачка мапа.
А, веќе од денес започнуваат подготовките за следниот голем јубилеј – 40. издание на Охридскиот пливачки маратон, кое се очекува да донесе уште поголем број учесници и љубители на далечинското пливање.

Денеска, во својство на покровителка, им ги доделив наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.
На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција ги освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17- годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.
Им честитав на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси, рече Гордана Силјановска Давкова покровител на маратонот.