Успешна операција со ПММА имплант во болницата Свети Еразмо Охрид

Лекарите во Специјалната болница за ортопдија и трауматологија Свети Еразмо Охрид извршија успешна операција со ПММА имплант. Станува збор за оперативен зафат на череп,  кај млад пацинет повреден во сообраќајна несреќа.
-Во изминатиот период, нашата болница имаше привилегија да работи на комплексен случај кој бараше креативно и напредно решение.
Предизвикот беше да се направи хируршка реконструкција на дефект на левата челно-слепоочна регија од главата кај млад пациент повреден пред 3 години. Незгодата и лекувањето беа извршени во друга земја каде е пружена првата помош, која што се состоеше и во отстранување на интракранијално крвавење. По стабилизирање на тешката општа состојба на пациентот, истиот е вратен во матичната земја за долекување во нашата болница. На приемот во нашата болница имаше знаци за инфекција на претходно извршената оперативна интервенеција на главата, по што се донесе одлука за отстранување на коскениот капак за санација на инфекцијата. По резолуција на инфекцијата кај пациентот се оформува евидентен коскен дефект во левата челно-слепоочна регија. Евентуално реконстуктивна корекција на дефектот доаѓаше во предвид по минимум 6 месеци слободен период без знаци за локална инфекција. Поради уникатната форма на дефектот, традиционалните, комерцијално достапните решенија не беа соодветни (рачно моделирање на биолошки цемент за изработка на нов коскен капак).
Со помош на експертизата на д-р Стефан Арсенков и најновите достигнувања во технологијата за 3D печатење во нашата земја 3DLoom, успеавме да дојдеме до решение кое целосно одговараше на потребите на пациентот. Резултатите беа одлични, што ја покажува моќта на иновацијата за индивидуален пристап кон засегнатиот пациент.
Горди сме на напредокот што го правиме во областа на неврохирургијата во нашата болница, и овој успех е уште еден чекор напред кон персонализирани здравствени решенија, пишуваат од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо.
Повеќе информации за случајот:
Вовед: Краниопластика е неврохируршка процедура која се користи за реконструкција на кранијални дефекти, најчесто изведувана по декомпресивна краниектомија како резултат на траума, хеморагија, тумор или инфекција [1]. Освен што ја враќа естетиката на черепот, краниопластиката има и важна заштитна и физиолошка улога. Првите познати краниопластични интервенции датираат уште од околу 7000 година п.н.е., кога инканските хирурзи користеле метални плочи и тикви за поправка на дефекти на черепот [2]. Во современата краниопластика се користат различни материјали, вклучувајќи автологна коска, титаниум, полиетеретеркетон (PEEK), полиетеркетонкетон (PEKK) и полиметилметакрилат (PMMA). Последните технолошки достигнувања овозможуваат користење на 3D-печатени импланти изработени по мерка на пациентот, со цел подобрување на хируршката прецизност и резултати.
   
Приказ на случај: Претставуваме случај на 26-годишен маж кој претрпел тешка трауматска повреда на мозокот по сообраќајна несреќа. Првичниот третман вклучувал краниотомија и евакуација на хематом, но постоперативниот тек бeше комплициран со рана инфекција стекната од првичната установа, предизвикана од Klebsiella pneumoniae, што доведе до отстранување на фронталниот коскен оперкулум. По тригодишен период без инфекција, пациентот се јави со голем фронтотемпорален дефект на левата страна од черепот, што му предизвикуваше значителна козметска и психолошка неладогност.
Планирана беше краниопластика со индивидуално дизајниран PMMA имплант, формиран интраоперативно со користење на 3D-печатен негативен калап изработен врз основа на високорезолутивна компјутерска томографија (КТ) на черепот на пациентот. Моделот беше стерилизиран и употребен за обликување на PMMA имплантот, кој го реконструираше фронталниот дел на черепот, сутура на орбиталниот раб и темпоралната контура. Хируршката интервенција помина без компликации, а имплантот совршено се вклопи со претходни минимални корекции. Постоперативните снимки потврдија оптимално порамнување, а пациентот закрепна добро, без невролошки дефицити и со одличен естетски резултат.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани